Одлука за регистрација на .мк домени
Одлука за регистрација на .мк домени
  • REGISTER

Одлука за регистрација на .мк домени

ГЛОБАЛ НЕТ донесе одлука за организација на работа со .мк домените 01/04/2014.

Согласно потпишаниот договор за пренесеување на правото на регистрација на домени со МАРНЕТ, ГЛОБАЛ НЕТ ги донесе следните правила за работа со домените :

  1. ГЛОБАЛ НЕТ обезбедува регистрација и продолжување на следните домени :

-       edu.mk

-       org.mk

-       com.mk

-       net.mk

-       inf.mk

 

  1. Право да регистрираат секундарен домен во примарниот .mk домен имаат сите физички и правни лица.

 

  1. Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен edu.mk имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

 

  • Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен org.mk имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
  1. Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

  1. Пре регистрација на домен, сите клиенти е потребно да се најават на посебниот систем за нарачки каде што се евидентираат потребните податоци.

  1. ГЛОБАЛ НЕТ ќе ги провери податоците и ќе направи регистрација само доколку нарачката е валидна и уредно платена профактурата.

  1. Плаќањето може да се направи преку системот за наплата со картички преку ХАЛКБАНКА или со плаќање на профактура во банките во Р. Македонија

  1. За секоја уплата, ГЛОБАЛ НЕТ издава фактура согласно издадените податоци

  1. ГЛОБАЛ НЕТ заради грижата за своите корисници ќе им посочи предностите за давање на точни податови и последиците од регистрација на домени со погрешни податоци.

  1. ГЛОБАЛ НЕТ на својата веб страна ги има објавено правилата за користење на услугите како и линк до правилникот на МАРНЕТ

  1. Промената на податоците во регистерот на МАРНЕТ не е автоматска

  1. Промената на податовите се прави согласно правилникот и преку испраќање на соодветна порака до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку системот за нарачки на ГЛОБАЛ НЕТ

  1. Промената на податоците се прави во рок од 24 часа

  1. Итните промени може да се направат со телефонски повик во работно време или емаил порака вон работно време

  1. Сите права и обврски на регистрантите се согласно важечкиот правилник на МАРНЕТ

  1. Сите клиенти имаат право да побараат ЕПП код во било кое време
Наша адреса:
ул. Пандил Шишков бр. 3/2/9
Скопје, Р. Македонија
Работно време:
Пон. до Пет. 8.30-16.30
Викенди: Неработни
Телефони:
T-HOME > 02 3172 808
MOBILE > 070 222 358