Софтверскиот пакет е наменет пред сѐ за компании кои своите фактури до сега ги правеле во еден од програмските пакети како Excel или Word. Програмскиот пакет не е наменет за магацинско работење, не води никаква залиха. Првенствено служи за компании кои имаат услуги, како на пример : шпедиции, адвокатски канцеларии, нотари, извршители, печатници, туристички агенции, агенции за недвижности, маркетинг агенции......
Овој наш производ ќе во овозможи лесно да изработите фактура, да имате целосен увид во состојбата на вашите должници и долгувања.
Ви се нуди преглед на најдоходовните услуги на едноставен начин. Пресметките на обврските за ДДВ кои ги должите или ги побарувате се изведуваатт на брз, ефикасен и автоматизиран начин. Лесно ќе можете да се снајдете во вашиот телефонски именик, кој за разлика од другите чува податоци и за вработени со кои контактирате во компаниите.
Прегледот на вашите сметки во банка, без разлика колку се тие на број, ќе ви биде достапен во секој момент, секако, доколку вашите вработени редовно ги ажурираат податоците од банкарските изводи. Голема предност на овој програм е што нуди чување на сите фактури на едно место и истите можат без напор да се преб9аруваат и да се најдат. Со задоволство вашите вработени ќе ја користат опцијата ФАКТУРА СО ЕДЕН КЛИК. Со еден клик некоја претходна ваша фактура ќе биде дуплирана, со што времето за изработка ќе се намали многукратно, и нема потреба да се грижите дали случајно сте ја преклопиле претходната стара фактура, што е многу чест случај при користење на програмските пакети Word или Excel.
Повикајте не за да добиете бесплатна демо верзија и проверете ја функционалноста без обврски !!!
Доколку сакате демо верзија ве молиме да ни испратите ваши податоци (Име на компанија, телефон и контакт лице) на email > Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Нашите нови канцеларии од 01 Ноември 2013 се наоѓаат во управната зграда на Скопски саем, на првиот кат, канцеларија бр. 216.
Зошто ја одбравме оваа локација ?
Во последните 2 години сменивме неколку локации во Скопје. Сепак приметивме дека Скопски саем е една од најдобрите од неколку причини:
1. Лесно не наоѓаат нашите клиенти и не треба нешто посебно да им објаснувме
2. Од центарот на градот сме оддалечени само 10мин.
3. На просторот на Скопски саем нашите клиенти можат да користат бесплатен паркинг, што не беше случај во центарот на градот.